Од "Александар Велики" ќе се лета до нови дестинации

Bez autora
Apr 23 2012

Турската компанија Тав Македонија целосно ја заокружи најавената инвестиција во земјава вредна над 100 милиони евра. Компанијата викендов ја пушти во употреба новата клучка за пристап кон аеродромот "Александар Велики", којашто треба да го олесни сообраќајот и движењето до него. На успешно завршениот проект присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој посочи дека бенефитот за граѓаните е голем, бидејќи по изградбата на аеродромот има поголем интерес од многу компании за нискотарифни летови. Почна да се зголемува и прометот на аеродромот, зашто сега е речиси 10 пати поголем од она што беше претходно, со проширена писта, а модернизирани се и сите делови, како што е влез - излез, посочи Груевски при пуштањето во употреба на новата клучка и додаде дека во земјава веќе се чувствуваат благодетите од модернизацијата на аеродромите, со што е подигнат квалитетот на услугите, зголемен е интересот кај нискотарифните авиокомпании.

Од "Александар Велики" ќе се лета до нови дестинацииТурската компанија Тав Македонија целосно ја заокружи најавената инвестиција во земјава вредна над 100 милиони евра.

Компанијата викендов ја пушти во употреба новата клучка за пристап кон аеродромот "Александар Велики", којашто треба да го олесни сообраќајот и движењето до него.

На успешно завршениот проект присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој посочи дека бенефитот за граѓаните е голем, бидејќи по изградбата на аеродромот има поголем интерес од многу компании за нискотарифни летови.

- Почна да се зголемува и прометот на аеродромот, зашто сега е речиси 10 пати поголем од она што беше претходно, со проширена писта, а модернизирани се и сите делови, како што е влез - излез, посочи Груевски при пуштањето во употреба на новата клучка и додаде дека во земјава веќе се чувствуваат благодетите од модернизацијата на аеродромите, со што е подигнат квалитетот на услугите, зголемен е интересот кај нискотарифните авиокомпании. Тој укажа дека се најавени и пониски цени на билетите, а ќе се овозможи да се реализираат и поголем број авионски релации, што пак ќе претставува голема поткрепа за македонскиот туризам.

Премиерот Груевски најави дека наредните недели ќе се објави повик за авиокомпании кои ќе добијат субвенции со цел да отворат нови линии.

- Оваа година најмалку шест линии ќе бидат отворени, можеби дополнителни и следната година. Интерес има, ние веќе анимиравме неколку компании и очекуваме најдоцна до оваа есен тие да почнат со работа, а со тоа аеродромот ќе добие поголем број патници, поголем промет. Граѓаните на Македонија ќе имаат можност да добијат повеќе дестинации со нискотарифни летови - објасни Груевски.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, потенцираше дека лани скопскиот аеродром беше лидер по растот на бројот на патници, при што само за првите три месеци од годинава растот е 27 отсто или 206 илјади патници.

- Очекувам со субвенциите на авиокомпаниите за нови линии бројот да достигне еден милион - посочи Јанакиески.

Инвестицијата за клучката е 2,2 милиони евра, од кои Тав обезбеди 1,5 милиони евра, а останатите Владата. Градежните работи ги изведуваше Гранит".

Турската компанија го зеде аеродромот под концесија на 20 години, а лани беше пуштен во употреба и модернизираниот аеродром Св. апостол Павле" во Охрид.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik